(Документи) Приватна фирма ќе го чисти снегот во Скопје за 65 милиони денари

Документи-Приватна-фирма-ќе-го-чисти-снегот-во-Скопје-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Град Скопје склучи договор со приватна фирма за ангажирање на специјални возила за зимско одржување на сообраќајници на територија на Град Скопје. Тендерот тежок речиси 65 милиони денари е склучен пред два дена, а го добила фирмата НЕКСОС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, како единствена пријавена на јавниот повик.

Возилата за зимско одржување, ќе бидат лоцирани на посочени појдовни пунктови на ЈП Улици и Патишта – Скопје, а ќе го извршуваат зимското одржување на сообраќајниците со 24 часовно дежурство. Договорот ќе се реализира согласно понудените единечни цени на Носителот на набавката во листата на цени, за ангажман на специјално возило со соларка и плуг (троосовински или четворосовински), за ангажман на специјално возило со соларка и плуг (двоосовинско) и за ангажман на утоварувач со корпа со капацитет од минимум 2 метри кубни.


За ангажираност на специјалните возила со соларка и плуг над 40 ефективни работни часа во месецот ќе се наплаќа по понудената цена за ефективен работен час.

Предвидено е со оваа сума да бидат покриени две зимски сезони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK