Докторите немаат никаква грешка за смртта на седуммесечното бебе на Детска клиника, Таравари го добил извештајот од стручната комисија

Taravari-za-bebeto.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лекарите на Детската клиника не направиле грешка при лекувањето на седуммесечното бебе кое почина на клиниката на почетокот на минатиот месец откако прво беше одбиено за хоспитализација, а по два дена со влошена состојба било примено на лекување. Министерот за здравство, Арбен Таравари, денес извести дека го добил извештајот од стручната комисија.


„Нема одговорност од докторите. Извештајот пристигна, јас го прочитав уште во понеделник, ако не се лажам. За среќа, професионалците констатираа дека докторите немаат никаква грешка. Можеби болеста си го направила своето, можеби подоцна е донесено детето меѓутоа констатирано е дека нема лекарска грешка“, рече министерот Таравари.

Низа вонредни инспекции беа направени на Детската клиника минатиот месец, по смртта на седуммесечното бебе. Државниот санитарен и здравствен инспекторат забележа пропусти и укажа дека Клиниката била должна да издаде писмено образложение за одбивањето на приемот на болничко лекување кога не бил направен прием на бебето, а констатира и дека не е решен проблемот со присуство на специјалист во дежурната амбуланта за што најави прекршочна постапка. ДСЗИ откако ги констатира неправилностите му предложи на министерот да формира стручна комисијата во чија надлежност е да утврди дали лекарите направиле грешка при лекувањето на бебето.

Родителите на бебето за медиумите изјавија дека првиот пат кога побарале помош оти бебето имало црвенило на лицето и нозете, по направената лабораторија, ги прошетале клиниките во „Мајка Тереза“, завршиле на Детската клиника, од каде што ги одбиле за хоспитализација. Но, по два дена, му се влошила состојбата на бебето, се вратиле на Детската клиника и бебето било хоспитализирано, но за пет дена починало.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK