Дојава за бомба и евакуација на концерт на српски пејач во Јане Сандански


DJI_0486.00_04_11_39.Still003.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Драма во салата Јане Сандански во Скопје, каде за вечерва беше закажан музички концерт на Пеџа Јовановиќ.


Како што информираа од МВР, непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје околу еден час пред почетокот на концертот и рекло дека во салата има поставено бомба.

Од страна на МВР, веднаш биле преземени соодветни мерки. Веќе имало присутни во салата кои биле евакуирани, додека на другите им било кажано воопшто да не влегуваат внатре.

Според последните информации на полицијата, се работело за лажна дојава, а концертот, сепак, ќе продолжи вечерва.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK