Доградба и надградба на објектот „Изворче“ во Стар Аеродром, се проширува капацитетот за згрижување за плус 170 деца

1-1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Аеродром ги стартува градежните работи за доградба и надградба на постојниот објект „Изворче“ во Стар Аеродром што е во рамките на детската градинка „Срничка“, а е изграден во 70-тите години на минатиот век.


В.д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески и претседателот на Советот, Антонио Петковски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко  Велковски денеска извршија увид во градежните активности.

Станува збор за капитален проект што предвидува изградба на приземје плус еден кат, со вкупно нето-површина од околу 1600 м2. Вредноста на проектот е речиси 120 милиони денари, заеднички финансиран со средства на Владата и Општина Аеродром и рок на изградба од 12 месеци.

Доградениот дел ќе биде комплетен објект со сите неопходни содржини за згрижување на плус 170 деца од 0 до 6-годишна возраст, а во моментов во овој објект се запишани околу 280 дечиња.

Доградбата ќе опфати 12 занимални, санитарни јазли, простории за прием на деца, просториии за воспитувачи, гардероби и санитарии за вработени, лекар, дистрибутивна кујна, лифт за транспорт на храна, тријажа, просторија за изолација и млечна кујна.

В. д. градоначалникот Митески истакна дека овој проект е од исклучително значење за жителите на овој дел од Аеродром, кој е населен со млади семејства со мали деца и се очекува листите за прием во градинките да се намалат во значителна мера.

Митески истовремено посочи дека Општина Аеродром останува посветено да работи на подобрување на условите во кои се згрижуваат нашите најмали жители, а со тоа се создаваат и современи услови за работа на воспитно-наставниот кадар со цел да можат вработените непречено да ги извршуваат своите задачи и на најдобар може начин да се грижат за нашите најмили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK