Додека спиела ја пробол со нож во вратот: предложен притвор за синот кој ја уби мајка си во Росоман


625088208_1199500899027102_4677230723193660203_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.


Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопшти обвинителството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK