ДКСК: Измените донесени со молскавична брзина го зголемија ризикот од политички пазарења и трговија со влијание

ДКСК-Измените-донесени-со-молскавична-брзина-го-зголемија-ризикот-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Кривичниот законик како еден од столбовите на правниот систем, треба да го штити функционирањето на правната држава. Со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон во Собранието на Република Северна Македонија, и тоа со молскавична брзина, по скратена постапка и употреба на европското знаменце, односно на начин со кој не се дозволува широка јавна расправа, експерстка дебата ниту анализа на последиците што ќе ги предизвика ова законско решение, сериозно се загрозува правната сигурност во државата“, вели Државната комисија за спречување на корупцијата.



„ДКСК е изненадена и загрижена од ваквиот начин на донесување на законот, дотолку повеќе што во меѓувреме Министерството за правда побара од ДКСК да достави мислење по Предлог – законот за изменување и дополнување на Кривичниот законок, со рок за произнесување до 20 Септември 2023 година.

Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека со интервенциите во членовите 353, 353в и 394 не се придонесува кон зајакната борба против корупцијата и организираниот криминал, напротив, се зголемува ризикот од политички пазарења и трговија со влијание.

Борбата против корупцијата и натаму ќе остане само декларативна“, се додава во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK