Директорот на БЈБ Јанев на Денот на Единицата за брзо распоредување: EБР има стожерна позиција во севкупниот полициски систем на функционирање

5-15.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Полицискиот центар Ѓорче Петров беше одбележан 23 август – Денот на Единицата за брзо распоредување и 23 години од формирањето на оваа елитна единица при Министерството за внатрешни работи. Во присуство на претставници на Владата, највисокото раководство на МВР, претставници на семејствата на загинати и починати припадници на ЕБР, како и припадниците на оваа единица, ги поздрави и им се обрати директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.


Во своето обраќање, директорот Јанев ги потенцираше сите позитивни постигнувања и дострели на Единицата за брзо распоредување кои сите не прават исклучително горди, а тоа се: улогата, професионалниот квалитет на знаења и вештини и местото што ЕБР го има во полициско-безбедносниот систем на нашето министерство.

„Нема дилема дека во севкупниот период од постоење Единицата, односно сите нејзини припадници во минатото и денес, систематично и доследно успеваат да ги исполнат зацртаните цели утврдувајќи ја стожерната позиција на единицата во севкупниот полициски систем на функционирање. Особено во делот на посложени, би рекол по сензитивни и поспецифични полициски задачи и надлежности. И затоа, сосема со право, сега можеме да говориме за Единица чии што одлики и широки оперативни перформанси ама по ништо не заостануваат во споредба со истите такви полициски формации на полициите од Европа и светот.“, истакна директорот Јанев.

Директорот Јанев подвлече дека денес, Единицата за брзо распоредување, профилирајќи се во високо-специјализирана полициска единица, со исти такви квалитети на секој нејзин припадник, во своето егзистирање етаблираше современи стандарди и професионални критериуми од сите аспекти – физички, ментални, образовни , технички и така натаму, и затоа таа сега претставува Единица подготвена да одговори на сите зададени полициски задачи, самостојно и координирано, без оглед на нивната специфичност и сложеност.

Јанев нагласи дека за БЈБ и МВР од императивно значење е прашањето за натамошно развивање на Единицата за брзо распоредување во повеќе насоки, почнувајќи од делот на воведување на нови методологии на дејствување, а проследено со натамошна материјално-техничка модернизација, односно техничко-функционална опременост, па се до прилагодување и примена на технички софистицирани средства и системи на работа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK