За иницијативата на Вреди за формирање Академија на науките на Албанците во Македонија со став се јави и Максим Димитриевски, претседател на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија.
„Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет.
Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам. Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен. Партнерите во власта од Вреди е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција. За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки.“, се вели во реакцијата на Вреди.