Девет лекови стануваат дел од позитивната листа, објави Таравари

Алијанса-за-Албанците-нема-да-оди-на-листа-со-ДУИ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека девет лекови стануваат дел од позитивната листа. Според министерот станува збор за девет генерици претставени преку 87 лекови, меѓу нив и оние за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција,


„Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација во нашата држава, девет генерици претставени преку 87 лекови. Помеѓу нив, опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција“, појасни Таравари.

Најверојатно, како што рече, на листата се избрани да се стават оние лекови од кои пациентите имаат секојдневна потреба.

Тој појасни дека во процесот биле ангажирани експерти кои работеле на неколку законски измени, изработка на нов правилник со европски практики и нова методологија за ставање на лекови на позитивна листа.

Посочи дека ова е само почеток на процесот на проширување на позитивната листа.

Министерот ги повика сите фармацевтски компании да продолжат со нивните апликации за ставање на нови лекови на позитивната листа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK