Деспотовски: Оние кои ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Despotovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Јован Деспотовски кој ја објави својата кандидатура за претседател на СДСМ, предлага секој од кандитатите кој нема да биде избран, да се обврзе дека нема да прифати ниту една друга партиска функција на централно, ниту на локално ниво.

Неприфаќањето се однесува и за позиции во институциите каде партијата назначува свои членови.  Тој ги повика сите претседателски кандидати да ја покажат својата посветеност на фер игра и интегритет со потпишување на оваа изјава.

Според него, учеството во трката за претседател на СДСМ не смее да се гледа како шанса за стекнување на капитал, што потоа ќе се „пазари“ за подобра позиција во партијата.

Деспотовски додава дека претседателот на СДСМ мора да биде одговорен кон членовите, а не кон различни структури и лоби групи.

„Верувам дека само со вакви конкретни и искрени постапки ќе покажеме дека навистина сме ја разбрале пораката и можеме да ја реформираме нашата партија и да поставиме нов стандард за политичко однесување“, рече Деспотовски.

Партискиот тим, како што додава, мора да биде поставен по вертикала од членовите бидејќи секоја внатрепартиски натпревар значи успех и движење по скалило, а не возење по хоризонтален пат.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK