Во рамки на националната кампања на Министерството за здравство под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“ денеска во „Скопје Сити Мол“ ќе биде поставен информативен штанд и посетителите ќе имаат можност да се информираат за тековните активности за превенција и лекување на рак на дојка.
Според програмата, денеска во 13:00 часот ќе се одржи централна трибина во „Синеплекс“, „Скопје Сити Мол“, каде панелисти ќе бидат членови на Националната комисија за скрининг на рак на дојка.
Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, Град Скопје, Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, Националната опера и балет, Факултетот за музичка уметност-Скопје и општествено одговорните компании „Скопје Сити Мол“ и „Синеплекс“.
Министерството за здравство на 16 овој месец ја почна националната кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“ со цел подигнување на свесноста за рано откривање рак на дојка.