Денес во Сити мол во Скопје може да пробате македонска традиционална храна

hrana.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Саем на македонска традиционална храна насловен „Домашно, природно, вкусно“ ќе се одржи денеска од 10:00 до 19:00 часот во Сити мол во Скопје.


Саемот е организиран од Националната федерација на фармери и Скопје Сити мол, со поддршка од Шведска и организацијата We Effect преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“.

Оваа уникатна можност, како што велат организаторите, ќе не поврзе со автентичните вкусови на нашите рурални заедници, претставени од вредните раце на земјоделките и земјоделците.

На штандовите ќе има најразновидни домашни производи: лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, макала.

-Овој саем е повеќе од изложба – тој е место за поддршка на домашното производство, поттик за еднаквост и интеграција, и вистинска шанса да дознаете повеќе за важноста на локалната храна. За најмладите, организираме и детска работилница со наслов „Да ја зачуваме природата, која ја обезбедува нашата храна“ – едукативно искуство што ќе инспирира грижа за околината, велат од Национална федерација на фармери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK