Ден по објавата на „Макфакс“ дека делови од Скопје немаат парно, се огласија од ЕСМ

Ден-по-објавата-на-„Макфакс-дека-делови-од-Скопје-немаат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откако „Макфакс“ доцна синоќа објави дека скопски Центар нема никакво парно греење, а корисниците се жалат дека и претходните денови радијаторите биле само млаки, се огласија од ЕСМ преку соопштение.


„Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до објектите од почетокот на грејната сезона се одвива континуирано и така ќе продолжи до крајот на грејната сезона и истата се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури во различни периоди од денот. Доколку надворешните температури се пониски, се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите. При испораката на топлинска енергија се обезбдува оптимална потрошувачкa на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците. Потрошувачката на топлинска енергија во објектот се регистрира на мерилото во топлинската станица“, велат од ЕСМ.

Оттаму додаваат дека греењето на подрачјето на град Скопје за сите потрошувачи се одвива од 6ч до 22ч и внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен пропишана со регулативата, односно исти услови за сите потрошувачи, кои ги има вкупно 63 000 (домаќинства, деловни објекти и институции).

Ги повикуваа потрошувачите за сите пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето, да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK