Демократско движење за крстот на Попова Шапка: Убедени сме дека Албанците нема да паднат во оваа оркестрирана замка за веќе познати цели

Демократско-движење-за-крстот-на-Попова-Шапка-Убедени-сме-дека.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

2Поставувањето на крстот на Попова Шапка е уште еден доказ дека постојат мрачни сили кои прават се за да го оттргнат вниманието на граѓаните. Играњето на картата на тензија во меѓунационалните и меѓуверските односи е уште еден обид на некој да се извлече сув и чист од калта“, вели Демократското движење во писменото соопштение.


„Сепак, се надеваме многу и убедени сме дека Албанците нема да паднат во оваа оркестрирана замка за веќе познати цели. Очигледно ова е дело на очајници кои сакаат преку овој чин да освојат некакви политички поени. Демократското движење апелира до населението да биде воздржано додека не се разјасни кој всушност стои зад ова сценарио.

Демократското движење се надева дека и меѓународниот фактор ќе ги активира своите механизми за да ги спречи искрите кои можат да го експлодираат бурето со барут на проблематичниот Балкан“, се додава во соопштението на Демократско движење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK