Новата учебна година во државата, нема да биде иста со претходната учебна година, напротив, ќе биде полоша и со повеќе недостатоци, велат од Демократското движење.
Оценуваат дека заради неуспешните политики на надлежното министерство, особено на ДУИ, албанското образование продолжува да се урива и да се деградира во трагични размери.
„И оваа година, како што е најавено, ќе имаме намалување на бројот на ученици Албанци во основното училишите, тоа е заради масовното заминување на албанските семејства надвор од државата за да можат да обезбедат подобри животни услови. Овој факт не го загрижува ниту еден Албанец од власта, без разлика на страшните податоци за алармантното намалување од година до година. Овој недостаток, за жал ќе доведе и голем број на наставници да останат без работа. Немањето визија, како и небрежноста кон албанското образование наскоро ќе рефлектира со затварање на училиштата заради недостаток на ученици“, реагираат од Демократското движење.
Оценуваат дека и годинава учениците Албанци ќе се соочуват со недостатокот на училишните текстови, и годинава на учениците ќе им се нудат стари книги за користење, „да не велиме хорор книги, уништени и распарчени“.
„Со две нозе ќе биде згазено достоинството на овие ученици, кои со години се обврзани да учат и од учебници кои имаат дискутабилни содржини.
И годинава, без разлика на многуте ветувања од албанските водачи кои се дел од власта, албанските ученици ќе учат во стари училишни објекти, на кои одамна им е истечен рокот и немаат ништо заедничко со училиштата каде се развива квалитетно образование. Така што, ништо од досегашните ветувања кои веќе станаа нормалност и завршуваат како лага.
И годинава ќе недостига квалитетот во албанското образование и тоа во сите нивоа. Има стотици проблеми кои не ги загрижуваат властите, кои се платени со народни пари за нештата да ги ставаат во шини. Наместо квалитет, насекаде имаме напори како да именуваме водичи припадници од партијата на власт.
За жал, траекторијата на албанското образование само опаѓа и потонувањето не е далеку,“ истакнуваат од оваа партија.