Демократскиот сојуз: Исмет Рамадани манифестираше примитивизам и говор на омраза на етничка основа, да му се извини на новинарот

Демократскиот-сојуз-Исмет-Рамадани-манифестираше-примитивизам-и-говор-на-омраза.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократскиот сојуз најостро го осудува настапот на Исмет Рамадани на Канал 5 со кој, како што велат „неосновано, неаргументирано и клеветнички грубо го нападна новинарот Александар Видиновски со што директно ги загрозува новинарите и слободата на говорот“.


„Исмет Рамадани, во недостаток на аргументи во одбраната на Димитар Ковачевски и Артан Груби во обидот преку Врховниот суд да ја активираат одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 функционери и нивно ослободување од кривична одговорност, манифестираше примитивизам и говор на омраза на етничка основа“, соопшти Демократскиот сојуз.

Од таму бараат Исмет Рамадани да му се извини на новинарот на Канал 5, како и на јавноста.

„Ваквите дрски и неаргументирани напади нема да им помогнат на евроинтеграциските процеси, ниту ќе придонесат за јакнење на единството и заштита на виталните државни интереси. Слободата на говорот, јавното изразување и објективноста се темелни вредности на новинарската професија неопходни за развој на демократијата“, се додава во соопштението на ДС.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK