Демократскиот сојуз е автентична политичка партија, препознатлива по своите принципиелни политички ставови. Демократскиот сојуз е партија која повеќе од 20 години ги брани и афирмира националните и државните интереси на Македонија, како и интересите на граѓаните. Ние сме иницијатори и носители на проекти и закони за борба против криминалот, велат од Демократскиот сојуз откако политичката партија Левица претходно искоментира дека наместо да одговара за аферата бесплатен паркинг, Павле Трајанов ја добил функцијата Национален координатор за борба против тероризмот.
„Паушалните напади и плукањето по ДС станаа лоша практика на партијата Левица.
Ви порачуваме дека со плуканиците ќе направите кал и самите во неа ќе заглавите, слично или исто како што заврши Златна Зора (Хриси Авги) од Грција.
Македонија ќе цвета, да сте и вие чесни како што се чесни кадрите на ДС!
Нo, треба да се провери работата на 4-те директори на Левица во претпријатијата и установите на Градот Скопје, како и тоа – од каде се финансира антимакедонската кaмпања што ја спрoведува Левица, обидувајќи се да ја насочи Македонија кон авторитарните режими.
Само принципиелна политика е гаранција за опстојување вo политиката, екстремизмот и негацијата на сѐ и против сите, се сигурен пат кон буништето на историјата“, велат од Демократскиот сојуз.