Демократски сојуз: ДУИ и СДСМ да не го блокираат изборот на член на ДИК

Демократски-сојуз-ДУИ-и-СДСМ-да-не-го-блокираат-изборот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократскиот сојуз ги повикува ДУИ и СДСМ, да не го блокираат изборот на член на Државната изборна комисија поддржан од опозициските политички партии на Албанците, бидејќи тоа е законска обврска.


„Алијансата на Албанците една година е дел од парламентарното мнозинство и партиципира со свои министри во Владата и другите ешалони на власта и нема законски основ да предлага, односно да поддржува кандидат за член во ДИК.

Решенијата од Изборниот законик се јасни и опструкциите од ДУИ и СДСМ укажуваат на можно сценарио за кршење на изборните правила и оспорување на изборните резултати“, велат од оваа партија.

Ја повикуваат Комисијата за избори и именувања да постапи согласно законите и да не биде дел од сценариото за блокада на комплетирањето на ДИК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK