Демири незаконски ги разрешил директорите на Токсикологија и на Кардиохирургија, одлучија антикорупционерите

kardiohirurgija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се неосновани разрешувањата на медицинскиот директор на Токсикологија и на директорот на државната Кардиохирургија од страна на министерот за здравство Илир Демири.

Се констатираше дека со двете одлуки на министерот се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита. Повреден е и Изборниот законик со оглед на тоа што во двата случаја директорите биле разрешени со решенија донесени (од 14 мај односно 27 мај) пред усвојувањето на заклучокот за завршување на изборите за пратеници во Собранието од 30 мај 2024.

ДКСК на денешната шеста седница соопшти и дека до надлежните органи ќе покрене иницијатива за одговорност на министерот за здравство. За двете разрешувања не биле почитувани процедурите за разрешување од функцијата односно требало да има предлози за разрешување од управните одбори до здравствените совети на овие установи.

ДКСК исто така оцени дека незаконски било и склучувањето на договори на дело со 18 лица на кои им престанал работниот однос, затоа што истите не биле потпишани од двајцата директори.

Тогаш реагираа и вработените на Клиниката, кои изразија осуда на тој чин. Здравствените инспектори констатираа дека директорката Иљази незаконски им ги потпишала решенијата на договорите.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK