„Идиотизмот на една одлука“, вака Ардијан Демири од Демократското движење ја нарекува одлуката на министерот за образование и наука Јетон Шаќири, за да се издвојат по 1200 денари месечно за основците и по 1800 денари за оние од средните училишта, за период од шест месеци, или до парламентарните избори на 8 мај.
Демири кој е координатор на ДД во Струга, вели дека власта со оваа милостина се подготвува да го купи и уценува обичниот граѓанин.
„ Бидејки за цело ова време колку што се на власт, 22 години, обичниот граѓанин го доведоа до работ на егзистенцијата, a сега со една идиотска административна мерка се обидуваат и да го купат и уценат со 1800 денари месечно што ќе ги земат ко бајаги децата во следните 6 месеци, или со други зборови додека завршат парламентарните избори 2024 година, а потоа, како и секогаш, „раус“ во Германија“, вели Демири.
Додава дека идиотизмот на оваа одлука е исто така понижувачки, бидејќи бара од родителите да се појават во училиштата каде што учат нивните деца за да можат преку нивните директори потоа да имаат евидентирано кои се родителите кои се пријавиле и колку месечни примања имаат, за потоа пред изборите ги уценуваат за изборни потреби.
Тој ги повикува сите родители да не бидат плен на предизборни уцени и омаловажувања од страна на казино-владата на Груби и неговите аргат министри, бидејќи како и да е овие пари се планира да се поделат по изборите, кога ДУИ ќе биде во опозиција.