Делови од Општина Карпош вчера останаа без електрична енергија.
Прекин на струјата имаше во Карпош 3 и 4, кај кулите покрај Вардар и пред мостот Обединети нации.
„Поради испад на трафостаницата „Запад”, жители на делови од Скопје вечерва се соочија со краткотраен прекин на електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и го вратија снабдувањето со електрична енергија на 95% од засегнатото население“, соопштија од ЕВН.