Денес со почеток во 17.30 часот ќе се одржи дегустација на сортни италијански вина во Собата за пијалак на Тинекс во Зебра, организирана од Тинекс во соработка со ИТА-Оддел за економска соработка при Амбасадата на Р.Италија.
Тинекс во асортиманот на производи ги има познатите брендови St. Michael Eppan и Uggiano со 20 различни вина. Денес посетителите ќе имаат можност да ги дегустираат некои од најсофистицираните црвени италијански вина од St. Michael Eppan кои може да се набават во Собата за пијалак на Тинекс во Зебра, заедно со типични италијански производи како сирења, пршути и предјадења.
Виното е еден од најважните производи на “Made in Italy”. Италија е еден од најголемите светски производители на вино водечки светски извозник. Италија може да се пофали со над 400 вина со заштитена ознака за потекло, од кои 73 DOCG, и 118 вина со типична географска ознака.
Најпознатите италијански вински региони се: Barolo, Chianti, Collio Friulano, Conegliano – Valdobiaddene, Franciacorta, Langhe – Roero & Monferrato, Montefalco, Sicilia, Trentino -Alto Adige, Valpolicella, Valtellina.
Регионите Тоскана, Пиемонте, Венето и Ломбарија се сметаат за “енолошки бисери“ од каде потекнуваат некои од најважните сорти на црвени вина како Brunello, Bolgheri, Barbaresco, Chinati, Barolo, Valpolicella, Amarone и Sforzato. Многумина не знаат дека некои од овие вина, со различни деноминации, ја имаат како база истата сорта на црвено грозје. Тоа е случајот на Sangiovese grosso со кој се произведува Brunello, Rosso di Montalcino, Chianti, Chianti Classico, il Vino Nobile di Montepulciano, Morellino di Scansano итн.
Во Италија се произведуваат прекрасни бели вина во сите региони, но некои се особено погодни за одгледување на бело грозје. Регионите на Регионите на Фриули-Венеција -Џулија, Лигурија и Кампанија од кои потенкуваат важни сорти на бело вино се меѓу омилените на познавачите и љубителите на бели вина. Тука спаѓаат: Friuli Friulano, Venezia Giulia Ribolla, Colli Orientali del Friuli Sauvignon, Vermentino Colli di Luni, Riviera Ligure di Ponente Pigato, Falanghina del Sannio, Fiano d’Avellino, Ischia Biancolella, Costa d’Amalfi. Тука спаѓаат и елегантните бели вина на Трентино-Алто Адиџе со единствен мирис и арома, како што е иконскиот Gewürztraminer, со неговите ноти на тропско овошје и зачини.
Пенливото вино може да биде одлична придружба на оброкот, со аперитивот, со предјадењата и главните јадења на база на риба, а, во слатка варијанта, како придружба на десертите. Некои видови италијански пенливи вина се синоним за врвен квалитет како Franciacorta, Trento Doc, Oltrepò Pavese, Prosecco, Valdobbiadene, и Prosecco Cartizze. Сортите на грозје најкористени според класичниот метод се Chardonnay , Pinot Nero и Pinot Bianco, додека за Prosecco се користи сортата Glera и нејзините варијации.
Виното е важен дел од дефиницијата за медитеранска исхрана спредд УНЕСКО, со посебна симболична и културна важност за заедниците кои го консумираат.
Црвеното вино, богато со полифеноли, помага да се подобри липидниот профил, зголемувајќи го добриот холестерол (HDL) и намалувајќи го лошиот холестерол (LDL). Во рамките на медитеранскиот начин на живот, може да биде вреден сојузник за кардиоваскуларното здравје.