Датумот за избори ќе се одреди имајќи ги предвид верските празници во пролетните месеци, техничка влада ќе има како и досега, вели Ковачевски

Датумот-за-избори-ќе-се-одреди-имајќи-ги-предвид-верските.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

При одлучувањето околу датумот за претстојните претседателски и парламентарни избори ќе се води сметка за верските празници кои нашите граѓани ги почитуваат, рече денес премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Националниот ден на осигурувањето. Тој избегна конкретно да одговори на прашањето дали во февруари треба граѓаните да очекуваат да почне со работа техничка влада, но уверува дека избори мора да има.


„Ние избори ќе имаме затоа што истекува мандатот и на претседателот и мандатот на парламентот. Во однос на тоа кога точно ќе бидат изборите ќе може да биде информирана јавноста тогаш кога ќе се постигне договор во однос на точниот тајминг во рамки на парламентот бидејќи парламентот ќе треба да ја донесе таа одлука бидејќи претседателот на Собранието ги распишува изборите. Треба да се има предвид дека во текот на пролетните месеци имаме и верски празници кои нашите сограѓани ги почитуваат. Имајќи ги предвид сите овие претпоставки ќе биде донесен и датум, а нормално дека ќе биде во законските рокови. Со оглед на тоа што во нашиот закон постои обврска за  техничка Влада, таа ќе биде 100 дена пред одржувањето на парламентарните избори така како што било и досега“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот веќе неколку недели не одговара конкретно на новинарските прашања дали парламентарните избори ќе бидат, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ во вториот изборен круг на претседателските избори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK