Судскиот совет денеска ја избра судијката Даниела Димовска за претседател на Основниот кривичен суд Скопје.
Како клучни предности според членовите на Советот кои ја поддржаа кандидатката, беа посочени нејзиниот акциски план, визионерскиот пристап во раководењето, капацитетот за унапредување на независноста и транспарентноста на судот, како и резултатите постигнати во текот на изминатата година додека ја извршуваше функцијата в.д. претседател.
Одлуката е донесена по спроведена постапка по јавен оглас, на кој апликации доставиле двајца кандидати – Даниела Димовска, судија и вршител на должност претседател на Основниот кривичен суд Скопје, и Ивица Стефановски, судија во истиот суд.
Претседателот на Комисијата за избор, Ивица Николовски, информираше дека двете кандидатури биле уредни и дека кандидатите ги поминале сите предвидени фази од постапката, вклучително и тестирањата и интервјуата.
Димовска веќе една година ја извршуваше функцијата како вршител на должност претседател на судот.