Дали ќе има нови лекови за дијабет на позитивна листа следната година ќе одлучи комисијата, вели Таравари

taravari-lekovi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дали ќе има нови лекови за дијабет на позитивна листа следната година ќе одлучи Комисијата којашто е формирана од Министерството за здравство.


Министерот Арбен Таравари одговарајќи на прашање по повод Светскиот ден на дијабетесот и недостатокот на лекови од втората и третата линија рече дека ќе дадат максимум барем в година лековите да бидат вклучени на позитивната листа, меѓутоа одлуката ја носи комисијата.

„Имаме Комисија што е формирана од Министерството за здравство и која треба да одлучи кои се побитните работи, кои лекови имаат приоритет, зборувам за целото население во државата, да бидат ставени во позитивна листа. Сега не можам да кажам генерици или имиња на лекови бидејќи тоа веќе е несериозно. Очекувам комисијата која што е компетентна и која што треба врз база на сите фармако-економски и други анализи коишто ги прави да му предложи на Министерството за здравство кои треба да бидат следните лекови за позитивната листа“, изјави министерот Таравари, по укажувањето од страна на новинарката која го постави прашањето дека бројот на дијагностицирани со дијабетес е во пораст.

Претходно денес, по повод Светскиот ден, дијабетичарите испратија отворено писмо до министерот за здравство, во кое бараат попишување и имплементација на Декларацијата за дијабетес, но и посвестување внимание и на физичката и менталната благосостојба на дијабетичарите.

Најновите податоци на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) покажуваат дека повеќе од половина милијарда луѓе во светот сега живеат со дијабетес.

Во Македонија, околу 116.125 луѓе живеат со оваа состојба. Од нив 40 отсто се недијагностицирани, а во 2021 година, дијабетесот довел до 2.590 смртни случаи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK