СДС Христијан Мицкоски го нарекуваше заменик градоначалник кога промовираше проекти кои се ветени пред граѓаните. Тоа го правеа често бидејќи имаше проекти вредни за промоција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа прашуваме денес кога Венко Филипче стои до струмичкиот градоначалник за да се фали за пазарот дали не е заменик градоначалник наместо лидер на опозиција?
Какво е чуството кога ќе стане жртва на сопствените манипулации и пропаганди?
Дали има или целосно отсуствува чуството на срам?“, прашуваат од партијата на власт.