Да се заштитат населбите од пожарот што се спушта кон езерото Козјак, Ангелов со унгарските пожарникари ги разгледа мерките

viber_image_2024-08-09_15-07-28-700.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, попладнево имаше работна средба со претставниците на специјалната противпожарна единица од Унгарија поради состојбата со пожарот кај Козјак.


Како што информираа од ЦУК, на состанокот станало збор за мерките кои се преземаат за да се заштитат населбите покрај езерото од пожарот којшто по одбраната и поминувањето покрај селото Брезница се спушта по планинските стрмни падини до езерото.

Притоа, на крај од средбата, обострано била искажана благодарност за добрата соработката, којашто останува како нешто што ќе се надоградува во име на пријателството на двете земји и заедничкото помагање и справување со кризните ситуации, особено со пожарите од поголеми размери, како што се оваа сезона во нашата држава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK