Од формирањето на нелегитимната Влада, здравствениот систем влезе во сериозен колапс, а последиците ги трпат граѓаните, а особено децата кои поради невнимание и неодговорност завршуваат на најтрагичен можен начин, оценуваат од Алијанса за Албанците.
„Додека министерот Арбен Таравари шета низ емисиите кажувајќи празни зборови, на Детската клиника секојдневно умираат деца поради неговата и неодговорноста на неговите директори, а на Клиниката „Козле“ директорката Каролина Симоновска ги тероризира вработените и тој се плаши да ја отпушти. Ако има некое достоинство и не е слеп војник каков што бил, нека си поднесе оставка заедно со неговите неспособни директори“, реагираат од оваа партија.
За ваквата состојба, како што нагласуваат, Таравари бил информиран повеќе од три месеци и немал храброст да преземе ништо.
„И самиот потврди дека од септември добил поплаки и од албански и од македонски вработени за фашистичко и непрофесионално однесување на директорката кон вработените. На прес-конференција и самиот призна дека се сретнал со медицинскиот персонал, ветил дека ќе го истражи случајот, но оттогаш до денес кога вработените повторно напишаа јавен допис, Таравари одбра со молк да ја брани директоркатта и да ги игнорира вработените и пациентите“, се потенцира во информацијата од Алијанса за Албанците.