Да го немавме ОБСЕ, ќе требаше да го создадеме, рече Османи пред американските студенти

Да-го-немавме-ОБСЕ-ќе-требаше-да-го-создадеме-рече.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денес предаваше пред студентите на меѓународното право/прашања при американскиот Јејл Универзитет на тема иднината на ОБСЕ.


Преку видео врска претседавачот истакна дека времето во кое живееме, полна со безбедносни предизвици и непредвидливости ја наметнува неопходноста за постоење на организацијата како што е ОБСЕ.

“Сум дел од луѓето што сметаат дека во случај да го немавме ОБСЕ, навистина ќе ни требаше да го создаваме” рече министерот.

Образложувајќи ги предизвиците со кои се соочува Организацијата поради немање консензус меѓу земјите учеснички, Османи истакна дека Северна Македонија преку организирањето на претстојниот Министерски совет се залага да ја врати суштината на Организацијата, а тоа е дијалогот, како предуслов за компромис и консензус.

“ОБСЕ, како и секоја институција, не е цел сама по себе, туку средство и инструмент кој служи за постигнување на целта” заклучи Османи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK