Центарот за управување со кризи информира дека вчера имаше 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии, а во Општина Василево изгорела и една колиба, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК.
До утрово, според ЦУК, активни пожари од последното деноноќие има уште два. Тие се во Општина Македонски Брод, кај село Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума) и во Општина Чашка кај село Горно Јаболчиште (каде што гори стара сеча и стари букови дрвја).
Од вчерашните 29 пожари се изгаснати 27 и тие биле на цела територија на државата, конкретно во општините:
– Општина Студеничани, кај село Студеничани (каде што горела ниска вегетација);
– Општина Сарај, село Глумово (ниска вегетација и стрниште);
– Општина Аеродром, село Долно Лисиче (ниска вегетација);
– Општина Зелениково, село Орешани (ниска вегетација);
– Општина Карпош, покрај улица „Ацо Шопов“ (ниска вегетација);
– Општина Бутел, кај месноста „Клучка Оризари“ (стрниште и ѓубриште);
– Општина Арачиново, село Арачиново (ниска вегетација);
– Општина Долнени, село Ропотово (ниска вегетација);
– Општина Прилеп, четири пожари, кај село Мажуриште (ниска вегетација), Градски Базан во Прилеп (ниска вегетација), катеј оранжерии во Прилеп (ниска вегетација) и кај маркетот „Стибера“ (ниска вегетација);
– Општина Василево, помеѓу село Градашорци и село Едрениково (ниска вегетација, лозови насади и објект колиба);
– Општина Ново Село, село Зубово (ниска вегетација);
– Општина Босилово, село Гечарлија (ниска вегетација);
– Општина Валандово, село Пирава (ниска вегетација);
– Општина Македонски Брод, село Могилец (ниска вегетација);
– Општина Охрид, село Подмоље (ниска вегетација);
– Општина Велес, село Згрополци (ниска вегетација);
– Општина Куманово, село Проевце (ниска вегетација);
– Општина Старо Нагоричане, село Сув Ора (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
– Општина Гостивар, четири пожари, кај ресторант Монт Бланк (ниска вегетација), кај патарина Гостивар –Тетово (ниска вегетација), наелба „Грудајца“ (ниска вегетација) и кај градскиот стадион (ниска вегетација);
– Општина Пехчево, кај месност „Равна Река“ (ниска вегетација и насади со сливи) и во
– Општина Пробиштип, село Гарјанци (каде што горела ниска вегетација и стрниште).