ЦУК: Тимовите храбри пожарникари и пилоти дејствуваат сега и веднаш врз големиот пожар меѓу Лозово и Велес, иако од утре се најавуваат врнежи од дожд и студено време

ЦУК-Тимовите-храбри-пожарникари-и-пилоти-дејствуваат-сега-и-веднаш.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На почетокот на денот пожарот на отворен простор помеѓу селата Иванковци и Мамутчево во Општина Велес и кај с. Милино во Општина Лозово се разгоре. Поради временските услови, конкретно силен ветер, истиот се проширува и зафати делови од боровата шума во тој реон. Градоначалник на Општина Лозово, Бошко Цветковски, којшто е на терен заедно со тимовите за гаснење на големиот пожар, преку единствен број за итни повици 112 во ЦУК побара ангажирање на воздухоплови за гаснење на пожарот.


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, веднаш при координацијата за гаснење на пожарот меѓу Лозово и Велес, даде насоки за упатување на еден хеликоптер ,,бел“ од МВР за гаснење на таа локација, после хеликоптерскиот ангажман и дејството врз пожарот кај с. Кондово, Скопско. Ангелов информираше дека истовремено при координацијата дал насоки за да полетаат и двата противпожарни авиона „ер трактор“ од ДЗС, коишто веќе дејствуваат на теренот.

„Конкретно, во Регионалниот ЦУК Велес, пожарникарите на ТППЕ Велес дејствуваат од вчера врз пожарот на отворен простор помеѓу селата Иванковци и Мамутчево во Општина Велес и кај с. Милино во Општина Лозово. На терен дејствувале 17 пожарникари со четири ПП возила од ТППЕ Велес, од ЈП „Национални шуми“- подружница „Бабуна“ од Велес дејствува екипа од пет вработени со едно теренско возило, а од страната на Свети Николе дејствува една екипа од 5 пожарникари со теренско возило од ТППЕ Св. Николе со тим од 4 вработени од ЈП „Национални шуми“ подружница „Шумарство“ од Свети Николе.

Денеска временските прилики се уште се во прилог на пожарите, а силниот ветер ги разгорува и тимовите храбри пожарникари и пилоти од повеќе институции од Системот за управување со кризи (ЦУК) имаат се уште полни раце работа и мора да дејствуваат како и што дејствуваат, сега и веднаш, иако од утре се најавуваат врнежи од дожд и студено време од УХМР. Едноставно, денешните сериозни пожари што се уште горат во земјава, не ги засега утрешната најава за дожд. Конкретно, под влијание на влажен и студен бран утре времето се предвидува дека ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови (над 20 l/m2), а дневната температура утре ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. За очекување е дека од утре пожарите значително че намалат во нашата земја“, информираат од ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK