Изгаснат е пожарот каде што гореше сува трева наспроти бензиската пумпа ,,Бунар Петрол” во Општина Гостивар, соопштија од регионалниот ЦУК Тетово.
„Конкретно, по дојавата на 112 во ЦУК и известувањето на пожарникарите од ТППЕ Гостивар, околу 12.15 часот, веднаш се дејствуваше на терен со едно противпожарно возило, камион и три пожарникари, за гаснење на пожарот. Локациски, пожарот беше наспроти бензиската пумпа ,,Бунар Петрол” на десната страна на автопатот на делницата Гостивар -Тетово“, велат оттаму.
Како што посочија пожарот е изгаснат целосно околу 13.10 часот и екипите се вратени во својата база.