ЦУК: Два пожари на отворено во последното деноноќие

ЦУК-Два-пожари-на-отворено-во-последното-деноноќие.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрово, Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека нема двоцифрени бројки за пожари на отворен простор во последното деноноќие. Согласно иинформациите во Секторот за операции и координација (СОК) во ЦУК, имало вкупно два пожари на отворено и тие биле изгаснати од пожарникарските тимови, во Општина Битола, кај село Лажани каде што горела ниска вегетација и во Општина Василево, кај село Доброшинци каде што горело стрниште.


Според последниот извештај за работата на Единствениот број за итни случи 112 во ЦУК имало вкупно 1.558. Од делот повици за итни случаи кон Полицијата биле упатени 55%, кон Итната медицинска помош 37 %, а кон пожарникарите (ППЗ) 3%. Преостанатиот дел повици, што е вообичаено од 3 до 10-на проценти, се однесува на итни случаи коишто има потреба да се решаваат со комбинирани сили на теренот и ги решава ЦУК координирајќи според природата на пријавениот случај, ангажман на институции од Системот за управување со кризи (СУК) во државата. Во одреден број случаи ЦУК координира итни ситуации и со институции од други соседни и други земји, бидејќи итните случаи, непогодите и катастрофите не познаваат граници, велат од Центарот за управување со кризи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK