ЦУК: Активни се пет пожари, еден е под контрола, 20 се изгасени

shumski-pozar-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

До вечерва до 19 часот, како што информираат од Центарот за управување со кризи, активни се пет пожари, а еден е ставен под контрола. Изгаснати се 20 пожари.



Активен е пожарот на планината Мукос, село Степанци и месноста викана Кадиица на границата помеѓу општините Чашка и Долнени. Гори мешана шума.

Пожар има и кај селото Црвена Вода, во месноста викана Крста, во Општина Студеничани, каде е опожарена ниска вегетација и нискостеблеста шума, додека меѓу селата Љубош и Горно Количани гори ниска вегетација.

Активни пожари има и во Маркова Сушица, во Сопиште, каде гори мешана вегетација. Во Општина Кривогаштани има пожар на потегот село Средоред – село Вранче – село Кривогаштани, каде горат стрништа и сува трева.

Под контрола е пожарот на планината Галичица, каде има чадење во внатрешноста.

ЦУК информира дека се изгаснати 20 пожари и тоа по два во општините Дебар, Битола, Врапчиште и Струга и по еден во општините Демир Хисар, Лозово, Ново Село, Желино, Боговиње, Маврово-Ростуште, Ѓорче Петров, Бутел, Кисела Вода, Чучер Сандево, Штип и Ранковце.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK