ЦУК: Активни се пет пожари

shumski-pozar-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на денешниот ден, до 20 часот, имало вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, еден е под контрола, а изгаснати се 10, известуваат од Центарот за управување со кризи.


Активни пожари има во општината Чашка, на планина Мукос, кај селото Степанци и местото викано Кадиица на граница помеѓу општина Чашка и општина Долнени и жариште Ореов Дол према Кадиица каде што гори мешана шума;

Во Долнени, село Десово – село Дреновци префрлен од село Степанци, општина Чашка;

Општина Штип: помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали (гори нискостеблеста шума и сува трева);

Општина Студеничани: село Љубош – село Горно Количани кај каменолом Вртекица (кадешто гори ниска вегетација);

Општина Гази Баба: Смилковско Езеро (гори ѓубре и сува трева).

Под контрола е пожарот во општина Студеничани, над селото Црвена Вода, местото викано Крста каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.

Во текот на денешниот ден, како што информираат од ЦУК изгаснати се десет пожари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK