Црвениот крст на РСМ издвои средства во висина од 5.000 евра за помош за справување со последиците од катастрофалните поплави и силното невреме што ја зафтија Словенија.
Како што информираат од Црвениот крст, понудени се волонтери и тимови за соодветна интервенција кои во зависност од потребите веднаш ќе бидат ставени во функција.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Словенија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.