Црвен крст Крива Паланка реализира активности за превенција од топлотен бран

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Волонтери на општинската организација на Црвен крст Крива Паланка на повеќе локации во градот и на граничниот премин со Република Бугарија, Деве Баир, делеа флаширана вода и информативни лифлети со препораки за заштита од топлотен бран.

-За време на овој голем топлотен бран нашите волонтери постојано се на терен, делиме флаширана вода и препораки за населението со цел превенција на последиците од несоодветна заштита од топлотниот бран. Превентивна активност покрај на бројни локации во централното градско подрачје, реализиравме и во соработка со Регионален центар за Гранични работи – Исток, на граничниот премин „Деве Баир“ и магистралниот пат А2, Крива Паланка -Кумановo, при што волонтерите извршија достава на: флаширана вода, информативни флаери со препораки за заштита од топлотен бран , препораки и совети за одговорно возење и прирачници по прва помош. Пред  минувачите на границата беа изведени и симулациски вежби по прва помош. Активноста се реализира под мотото: „Биди подготвен да дадеш прва помош при топлотен бран“ и „Вози одговорно“, информира Дарко Пешовски, секретар на Црвен Крст, Крива Паланка.



Покрај тоа, на населението низ центарот на градот, младите волонтери на Црвениот крст им делеа вода и препораки: да избегнуваат излегување и вршење напорна активност за време на најтоплиот период од денот, да останат во сенка, да не оставаат деца или животни во паркирани возила и доколку е потребно и можно да поминат 2-3 часа на ден на ладно место.

Волонтерите директно им посочуваа на граѓаните, особено на повозрасните, затекнати на отворено во топлиот период од денот да се освежуваат често и да бидат добро хидрирани, како и често да се тушираат за да се разлади телото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK