„Црната листа“ на САД е многу динамична и отворена за додавање на нови имиња, порача Агелер

Screenshot-2024-11-21-130152.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска одговарајќи на новинарско прашање околу „црната листа“ на САД кажа дека таа е многу динамична и дека постојано се дискутира за нови имиња.


Во изјавата по отворањето на првата Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан организирана од Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL), амбасадорката посочи дека листата е отворена за дополнувања.

Агелер нагласи дека нема конкретна временска рамка за додавање нови лица на листата, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон.

„Црната листа на САД е многу динамична, постојано се разгледуваат и се дискутира за имиња. Јас ја немам временската рамка, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон. Но можам да ве уверам дека додека зборуваме има одреден број на имиња кои се земени предвид и како и секогаш сме отворени кон додавање нови лица на листата и ќе се погрижиме да дознаете кога тоа ќе се случи“, кажа амбасадорката.

Последни кои се најдоа на „црната листа“ на САД од земјава беа поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, и актуелниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK