ЦИКП се потсети на традиционалното урбанистичко планирање низ Скопје

Photo 2 (5)
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Создавање на простор кој подобро се справува со климатските промени, простор кој заеднички може да го користат сите граѓани, помалку бучава и загадување на воздухот и подобар квалитет на животот е пораката од прошетката на соработниците со кои Центарот за истражување и креирање политики работи на проекти за одржливост и зачувување на животната средина. На прошетката освен соработници на Зелената Парламентарна Група имаше и претставници на Општина Карпош, Министерството за животна средина и просторно планирање како и заменик-шеф на мисијата на Германската амбасада во Македонија, Г. Вос.

Целта на прошетката беше запознавање со заедничкиот јавен простор во стариот дел Скопје, како се користел и како изгледа традиционалното урбанистичко планирање. Прошетката започна од Музеј на современа уметност до Стара Чаршија и овој дел од Скопје беше претставен како одржлив пример од кој можеме да научиме многу.



„Заедничкиот јавен простор носи многу придобивки за општеството, а овде во Скопје откривме дека традиционалното урбанистичко уредување беше направено похумано и поблиско до секојдневните потреби на граѓаните и соодветно префиксот „заеднички“. Денешната прошетка го оживеа начинот на кој заедничкиот простор се користел и организирал порано, и уште еднаш ни ја предочи важноста во иднина Скопје да има простори кои добро ќе се справуваат со климатските промени, ќе обезбедуваат соодветна инфраструктура за движење на пешаците и велосипедистите и граѓаните ќе имаат помалку причини да користат моторни возила“, изјави Марија Ристеска, извршна директорка на ЦРПМ.

Со оваа активност ЦИКП се вклучува на „Европската недела на мобилност“ чија тема оваа година беше „Споделување јавни простори“.

Активноста е дел од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа-Енергија, транспорт и заштита на климата (ORF-ETC) и неговата програмска компонента поврзана со развојот на капацитетите на неформалните меѓупартиски Зелени парламентарни групи од Западен Балкан за енергија, транспорт и заштита на климата од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH и Центарот за истражување и креирање политики. Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа-Енергија, транспорт и заштита на климата (ORF-ETC) е спроведен од германската влада и кофинансиран од ЕУ.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK