Ова ВМРО-ДПМНЕ што го прави е далку поопасно за независноста од судството од било која политика на преходните влади. Наместо да го реформираат судството, тие се обидуваат да го партизираат. СДСМ и граѓаните не смее да дозволи правдата да биде алатка за злоупотреби на партиите на власт, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска на денешната средба со партиските членови во Аеродром.
-Сите знаеме дека состојбата со судството е далеку од она што го заслужуваат граѓаните. Како партија ја разбираме недовербата која што постои. Но решението не е во партиска контрола и мешање во работата туку спроведување на реални независни реформи. Владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе почна со најави за распуштање на судските и обвинителските совети и со тенденции за именување лојални партиски луѓе и најстрашно со директни притисоци врз независни судии. Ова не е реформа, ова е чист обид за поставување на контролирано, партиско судство кое нема да служи на граѓаните, туку на нивните интереси, рече Чупеска.
„Еднаш поминавме ваков режим и добро знаеме што значи тој, судство и обвинителство што му служат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, и така секој кој е неподобен за власта ќе биде нејзина цел за апсења и притисоци“, додаде таа.
„Граѓаните на оваа држава заслужуваат судство кое ќе донесе вистинска правда, а не партиска правда на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Чупеска.