Чулев: Наместо во заштита на полициските службеници, Спасовски застанува во одбрана на полициското подземје кое тепа и напаѓа полицајци

Чулев-Наместо-во-заштита-на-полициските-службеници-Спасовски-застанува-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев утрово на својата фејсбук страна упати прашања до Оливер Спасовски околу настан кој се случил изминатите неколку денови, од во кој од страна на обезбедување на висок функционер во МВР, нападнат е и претепан припадник на Интервентната полицијата.


Чулев вели дека во вчерашната објава на социјалните мрежи, побарал Министерството за внатрешни работи да преземе итни мерки за заштита на полициските службеници, чиј живот секојдневно е доведен во опасност, извршувајќи ги своите работни должности и задачи, но наместо заштита на полицајците тие се ставаат во одбрана на криминалното подземје кое тепа и напаѓа полицајци.

Воедно, Чулев бара Оливер Спасовски и раководството на МВР да дадат одговор на прашањето кој го крие настанот во кој обезбедување на високи функционер во МВР нападнал и претепал припадник на Интервентната полиција и да дадат одговор на прашањето каде се случил истиот и како на тоа место присуствувало лице што нема овластување за истото.

На крајот поранешниот министер бара одговорност за конкретното и лице и прашува дали по утврдената одговорност од страна на надлежните служби во МВР, Спасовски ќе побара оставка од функционерот чие обезбедување е тепачот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK