Чистење на каналската мрежа во општина Илинден

kanali-juli-2024-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со цел да се продолжи со редовно чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на Општина Илинден и во 2024 година, од страна на Општина Илинден е донесен Акционен план за чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на општина Илинден за 2024 година со дефинирани вкупно 22 900 метри (главна, секундарна и терцијална каналска мрежа) во согласност Годишната програма за чистење на каналска мрежа на АД Водостопанство ,,Скопско Поле’’ – Скопје и во согласност со потребите на граѓаните и правните субјетки на Општина Илинден.



Од страна на Водостопанство ,,Скопско Поле’’- Скопје во месец јануари е извршено машинско чистење на Сисавец на Главен канал во населено место Илинден, позади хотел Белви до влив во Главен канал во должина од 1600 метри, чија вкупна должина изнесува 2000 метри. Исто така е извршено машинско чистење на секундарен канал Топлик во н.м.Илинден со вкупна должина од 3500 метри.

„Согласно предвидената динамика во тек е машинско чистење на Главен Канал-Горна зона низ централното подрачје на населените места Илинден и Марино на потегот од м.в.Плац до излезот од населено место Марино, каде од предвидените 4000 метри досега се исчистени 2100 метри.

И во наредниот период од годината Општина Илинден ќе продолжи со чистење и одржување на каналската мрежа согласно предвидената динамика при што ќе се изврши машинско чистење на Ободен канал со вкупна должина од 3500 метри на потегот од Илинден-Марино-Кадино и машинско чистење на секундарниот канал Азмак, со вкупна должина од 4000 метри на потегот Марино-Кадино-Мралино.

Со редовното одржување на каналската мрежа се овозможува непречено прифаќање и одведување на површинските (атмосферските) води преку каналскиот систем кои во месноста Таор се влеваат во реката Вардар, со што се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста и здрава животна средина која е еден од условите за квалитетен живот на населението“, велат од Општина Илинден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK