Честитка од Африм Гаши по повод Денот на албанската азбука

afrim-gashi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На Денот на албанската азбука се потсетуваме на овој историски момент, којшто го означува крајот на битолскиот конгрес и го отелотворува идентитетот на албанскиот народ, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши, во честитка по повод празникот.


„Како претседател на Собранието, каде што Албанците се државотворен народ, овој празник и албанскиот јазик ги ценам како камен-темелник на општеството и етничката различност и се залагам да се обезбеди еднакво третирање и почитување на секое ниво на институционалното и општественото живеење.

За мене како Албанец, овој ден претставува неразделива суштина на мојот идентитет, што ме прави горд.

На сите Албанци насекаде низ светот, честит 22 Ноември!“, се вели во честитката на Гаши.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK