Центарот за јавно здравје со препораки до граѓаните како да се однесуваат при екстремно високи температури

zesko_toplo_lugje_76
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Центарот за јавно здравје Охрид се обрати до јавноста со препораки за граѓаните, гостите и туристите за нивна заштита од топлотен бран и високите температури што го зафатија регионот.

Од Центарот апелираат да се избегнува, колку што е можно, излегување во надворешна средина во периодот од 10 до 17 часот, а неопходните работи граѓаните да ги завршуваат пред 10 или после 17 часот.


Во најтоплиот период од денот да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности, да се седи во затворени климатизирани простории, со затворени прозорци и ролетни во текот на денот. Прозорците да се отвараат навечер кога температурата е пониска.

При неопходен престој на отворен простор, да се избегнува директна изложеност на сонце, со почести одмори под сенка.

Кога станува збор за облеката, да се носи светла и лесна облека, најчесто од природни такенини (памучни, ленени), да се стават заштитни очила и капа.

Препорачливо е внесување големо количество течности, најдобро вода, може и минерализирани безалкохолни пијалоци, додека да се избегнува консумација алкохолни и пијалоци што содржат кофеин, како и екстремно студени пијалоци.

За време на екстремно високи температури да се внесува помало количество храна, таа да не биде мрсна и високо-калорична храна, да се избегнува и храна што содржи поголемо количество шеќер.

Добро е туширање со студена вода повеќе пати во денот, може и ставање студени облоги и држење на нозете во студена вода.

За оние што се во возило се препорачува оставен отворен прозорец, за да се овозможи вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото., препорачуваат од Цетарот за јавно здравје.

Хроничните болни, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, потребно е да бидат многу дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата терапија. За секакви промени на здравствената состојба, задолжително да го консултираат матичниот доктор.

Кога станува збор за храната, задолиќтено миење пред употреба на свеж зеленчук и овошје. Термички подготвената храна да се конзумира веднаш после подготовката. Остатоците да се стават во ладилник на температура до осум степени Целзусови. Истовремено да се избегнуваат производи што не се термички обработени (домашен мајонез, сладолед, разни кремови).

Препорачкиви се консултации со лекар доколку се почуствуваат невообичаени симптоми што траат подолго време.

-Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или чувство на интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место, колку што е можно побрзо, и измерете ја својата телесна температура. Веднаш напијте се вода или негазиран минерален пијалок за да се рехидрирате. Ако имате болни грчеви во мускулите на нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на постудено место и напијте се течност што содржи електролити. Медицинска помош е потребна ако грчевите траат подолго од еден час, се посочува во препораките.

Ако некој член од вашето семејство или лице на кое помагате, има топла и сува кожа или е во бесознание, веднаш да се повика Службата за итна медицинска помош на телефонскиот број 194.

-Додека се чека итната медицинска помош, префрлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете му ги нозете и колковите, отстранете му ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење (студени облози на вратот, пазувите и слабините и постојано прскајте му ја кожата со вода). Мерете му ја телесната температура. Не давајте терапија. Ако лицето е во бесознание, не треба да лежи на грб, туку завртете го во странична положба, се додава во препораките од Центарот за јавно здравје Охрид.

Воедно апелираат за сериозно почитување и придржување кон општите препораки за заштита од топлотен бран.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK