Бугарските политичари: Албанија оди напред, а Северна Македонија нека се справува со тоа што самата си го создаде

mk-bg.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на најголемата формација во парламентот во Бугарија, Бојко Борисов, кој е и претседател на Комисијата за надвоешна политика, го поздрави раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија на патот кон ЕУ.



„Резултатот е дека Албанија оди напред – го прифати бугарското малцинство, а нашите колеги во Северна Македонија нека се справуваат со тоа што самите си го создадоа“, рече Борисов. Тој повика на смирени коментари од партиите застапени во парламентот, пренесе „Дојче Веле“.

„Од нас се бара трпение. Не треба ние да изгледаме агресивни, бидејќи тактиката на нашите колеги од Северна Македонија е ние да бидеме виновни“, порача лидерот на ГЕРБ.

Додаде се’ што Бугарија направила во Европската народна партија, во Европскиот совет, во Европската комисија, било многу добро слушнато.

„Така функционираат европските институции. Не се закануваат, не навредуваат, а резултатот е Албанија ќе оди напред. Таа го прифати бугарското малцинство, а нашите колеги од Северна Македонија да го понесат она што го создаде нивното досегашно однесување“, рече Борисов.

И поранешниот бугарски премиер, Кирил Петков оценил дека „францускиот предлог испадна многу добар за Бугарија“.

„Реално, целата ЕУ застана на страната на Бугарија“, рече тој.

Последната вест од Брисел е дека Албанија сама ќе ги продолжи преговорите за пристапување во Европската Унија, а првиот преговарачки кластер официјално ќе биде отворен на 15 октомври. Патот на двете земји од Западен Балкан за пристапување во Европската Унија досега беше споен и двете заедно ги започнаа преговорите за членство во јули 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK