Бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор за да почне процесот на уставни измени, рече Мицкоски

thumbnail_26102024_MICKOSKI-8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е беспредметно да се испраќа писмо до Европската унија. Мицоски вели дека она што требало да го содржи писмото, кажано е пред лидерите од Европската Унија и претседателката Урсула Фон дер Лајен.


Мицкоски изјави дека за да почне процесот на уставните измени, неопходно е парламентот во Бугарија да го ратификува Пристапниот договор на нашата држава за влез во Европската унија.

„Мислам дека е тоа фер решение за сите имајќи ја предвид состојбата во којашто не доведе Владата во која клучниот збор го имаше Бујар Османи и позади себе ги водеше Маричиќ и Ковачевски. Сега дознавам што се правело во тој период и навистина е шокантно, затоа жестоко се бориме“, рече Мицкоски.

Додде дека додека е премиер, ултиматуми и диктати нема да прифати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK