Бугарија не асимилира само Македонци во Албанија, туку и други граѓани, тоа треба посериозно да се анализира, вели Мицкоски

mickoski-1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за се’ што се случува со Бугарија виновна е Владата на СДСМ и ДУИ, која оставила празен простор за бугарската пропаганда

Прашан за коментар за пропагандата на Бугарија во Албанија во однос на пишувањето на Македонците како бугарско малцинство, Мицкоски уверува дека Владата има сериозна намера да се грижи за македонското население секаде низ светот и во соседните земји, меѓу кои и Албанија.

„Многу наскоро јас би сакал да ги посетам и ќе појдам да ги посетам, сакам да ја вратам довербата во коренот, во нивната антропологија македонска, македонскиот јазик и сите оние атрибути кои доаѓаат со идентитетот, кои што тие гордо го чуваат и јас сум навистина горд што имаме такви наши браќа и сестри од другата страна на границата, а ние како држава ќе сториме се за да ги заштитиме нивните вековни домови и нивниот идентитет“, изјави Мицкоски.

Првиот човек на Владата вели дека таа асимилаторска политика од страна на Бугарија не е само кај Македонците, туку зафаќа и голем дел од останатите граѓани во Албанија, а тоа е нешто кое што треба посериозно да се анализира“.

Премиерот Мицкоски праша дали со оглед на тоа што во Албанија има три пати повеќе бугарско население од тоа што има во државата, и за нив ќе важи истиот услов да се дел од Преамбулата.

„Сега се поставува прашањето, бидејќи во Албанија има скоро три пати повеќе кои се изјаснуваат како дел од бугарската заедница, дали и за Албанија ќе имаме услов да се тие во Преамбулата или нема, бидејќи тие имаат три пати повеќе граѓани на Албанија кои за себе велат дека се дел од бугарската заедница, од тие што велат дека се во Македонија. Сега прашањето е дали за нив ќе важи тој услов, или само за нас ќе важи тој услов. И баш би сакал да видам каква ќе биде реакцијата сега, навистина тогаш не би ја сфатил логиката зошто за нас би важело, а таму каде што ги има од три пати повеќе да не важи тоа. Треба многу внимателно да се пристапи кон овие прашања“, потенцираше Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK