Борисов: Во Брисел се одвиваа процеси за Северна Македонија, губиме време, мора да застанеме цврсто зад ставот и да формираме влада

Mickoski-i-Bojko-Borisov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јас сум оптимист за формирање влада бидејќи она што го гледам на меѓународен план само не’ обврзува како народ, како држава, како народ да имаме таква влада. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов пред новинарите, пренесе БГНЕС.


Борисов рече дека влијанието на Србија, Грција и Турција на Западен Балкан е огромно.

„Унгарија сè помоќно се вклучува во овој процес. Ние како лидери на Балканот едноставно ги набљудуваме процесите и ништо добро не не’ чека ако тоа не се случи. Мислам дека Бугарија може и треба да се врати и да застане онаму каде што беше пред четири години“, рече тој.

Лидерот на ГЕРБ вчера имаше подолг разговор со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.

„Од разговорот разбрав дека во текот на овие години во Брисел, во нашите партнерски земји во НАТО се одвиваа многу процеси за Северна Македонија, се изгуби многу време, бев изненаден од објаснувањата што требаше да ги дадам. Мораме да формираме влада и да застанеме многу цврсто зад нашиот став“, рече Борисов.

Во врска со посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Бугарија, како и неговата претстојна средба со претседавачот на ГЕРБ, Борисов истакна дека му е мило што Орбан доаѓа во земјата и ќе може да се види со него, но тој повторно нагласи: „Ние бевме лидери, кога јас бев премиер на Бугарија – не друга земја“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK