Под слоганот „Борбата трае“ со повеќе свечености во Крушево, Пелинце и Скопје денеска ќе биде одбележана 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.
Во Крушево на Гумење и Мечкин Камен, ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати од манифестацијата во Пелинце, каде ќе положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ.
Заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ, Сиљановска Давкова ќе го посети манастирот „Свети Прохор Пчињски“ каде се одржало Првото заседание на АСНОМ.
Претседателот на Собранието Африм Гаши, ќе се обрати од манифестацијата во Скопје што ќе се одржи пред зградата на Собранието.