Бојан Христовски не ги исполнува условите за директор на АНБ, да си поднесе оставка, побара СДСМ

304770879_1749765248718531_2633790118936786864_n-800x800.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Бојан Христовски, кој е пион на Мицкоски со недели по интервјуа ја замајува јавноста наместо да ги приложи јавно сите докази со кои наводно тврди дека ги поседува, сите сертификати и да потврди дека навистина ги исполнува сите услови за функцијата директор на АНБ“, вели СДСМ.


„Христовски покрај тоа што е партиски активист кој не смее ни да се прошета околу АНБ а не да ја води, тој очигледно не ги исполнува условите за да биде директор.

Очигледно има лажен тест за англиски јазик, нема доволно години искуство за кои одбива да прикаже документи дали точно пет години има раководни позиции и не поседува сертификати за безбедност.

Тој не исполнува реално условите за да биде директор и да ја води АНБ. Скандалозно е што сега од позиција на директор, тој сам на себе ќе треба да си додели сертификат за државна тајна и да влијае на таа одлука. Ова е само по себе огромен скандал.

СДСМ бара итна негова оставка и повлекување од позицијата директор и процес на избор на професионалец кој ќе ја води институцијата како што тоа беше случај до сега“, соопшти СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK